Од Баерн Минхен стигнааа лоши вести за повредата на дефанзивецот Никлас Зуле кој нема да игра за германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен до крајот на сезоната, објави претседателот на клубот, Ули Хенес.
Играчот ги скина лигаментите во коленото, па дури има најава дека ќе го пропушти Европското првенство следното лето. „Се чини дека сезоната заврши за него. Заборавете го и за Европското првенство“, рече Хенес пред натпреварот во Лигата на шампионите на Баерн против грчкиот Олимпијакос.
Зуле мораше да оди на операција во Инсбрук во неделата, откако претходно заработи повреда на коленото на саботното гостување кај Аугсбург. Првата прогноза беше дека не е толку сериозна повредата, но најновата е многу лоша за Баерн Минхен, Германија и самиот фудбалер.

