Дефанзивецот Никлас Зуле ги продолжи тренинзите со својот тим Баерн Минхен по карантинот поради коронавирусот.
Минатата недела на германскиот репрезентативец беше позитивен на Ковид-19 и беше во изолација последните денови. После негативен тест, Зуле доби дозвола да започне процес на враќање на теренот.
Поради коронавирусот, Зуле ги пропушти последните два меча на Баварците против РБ Салцбург во Лигата на шампионите и дербито со Борусија Дортмунд во Бундеслигата. Дефанзивецот не беше повикан од селекторот на Германија Јоаким Лев за претстојните натпревари на Германија овој месец.

