Дефанзивецот на Баерн Минхен, Никлас Зуле може да го напушти тимот во летниот преоден рок како слободен играч, објави новинарот Флоријан Плетенберг на својата страница на Твитер.
Според изворот, фудбалерот преговара за продолжување на договорот со клубот од Минхен, но тие преговори напредуваат многу бавно. Некои претставници на Баерн не се убедени дека продолжувањето на договорот со Зуле е добра идеја. Самиот фудбалер доби конкретни предлози од клубовите од англиската Премиер лига.
Да потсетиме, Зуле стана играч на Баерн Минхен во 2017 година. Оваа сезона, 26-годишниот фудбалер учествуваше на 7 натпревари од германската Бундеслига и немаше некои забележителни настапи. Од 2016 година, Зуле е е дел од германската репрезентација.