Тенисерот, Александар Зверев, ќе се појави пред судот во Берлин на 31 мај. 26-годишниот Германец е обвинет дека физички ја нападнал мајката на неговото дете во Берлин во мај 2020 година.
Окружниот суд минатата година го казни со 450.000 евра, но откако олимпискиот шампион се жалеше, случајот отиде на суд.
Судскиот процес би можел да се одржи во текот на летото кога во краток период се играат двата Грен Слем турнири во Франција и Англија.