Сензација на тенискиот олимписки турнир во Токио, Александар Зверев го елиминираше првиот носител и главен фаворит за златниот медал, Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:1 и се чинеше дека лесно ќе се пласира во финалето, но во вториот сет подобар беше Зверев и израмни на 1:1 со то ашто го доби вториот сет со 6:3. Во решавачкиот трет се повторно одлична игра на Зверев кој му дозволи на Ѓоковиќ да освои само еден гем и го доби третиот сет со 6:1.
Со оваа победа Александар Зверев си закажа меч за златниот медал со Карен Качанов од Русија кој претходно го совлада Пабло Карено Буста од Шпанија со 2:0 во сетови.