Тенисерот од Германија, Александар Зверев, кој во почетокот на годинава по настапот на Австралија Опен се реши да ја прекине соработката со тренерот, Хуан Карлос Ферер, конечно се одлучи да ангажира нов.
Тоа ќе биде легендарниот, Иван Лендл, кој има дури осум Грен слем титули од најсилните светски турнири. Детали за договорот не се познати. Зверев кој извесен период работеше со неговиот татко, сега се наоѓа на четвртото место на листата на најдобрите светски тенисери.
Што се однесува до Лендл, тој како тренер најдобрите резултати ги постигна со Енди Мареј, но, поради бројните повреди на Британецот одлучи да ја прекине соработката.