Германецот Александар Зверев е победник на Мастерсот во Рим. Шампионот од 2017 година и моментно светски рекет број 3, во финалето го победи Николас Жари од Чиле со 6:4, 7:5.
За Зверев ова е шести трофеј во кариерата на турнирите од серијата Мастерс 1000. Тој ја освои својата прва титула на Мастерсот во Рим во 2017 година и се враќа во врвна форма откако се опорави од тешката повреда на зглобот што ја доживеа во 2022 година.