Од денеска до 13 јануари во Австралија ќе се реализира премиерното издание на тенискиот АТП Куп кој доаѓа како загревање за првиот годинашен Грен Слем предвиден на терените во Мелбурн. На големиот собир ќе се појават 24 репрезентации а мечевите ќе се реализираат во градовите: Бризбејн, Перт и Сиднеј.
Според шемата, селекциите ќе бидат поделени во шест групи и ќе одиграат по три кола. Во групната фаза ќе се одиграат по три меча, два во сингл и еден во двојки. Првиот меч ќе го одиграат тенисерите со послаб рејтинг а потоа доаѓа дуелот на носителите. Натпреварите се играат до два добиени сета. Вкупниот награден фонд на АТП Купот е 15 милиони долари а секоја победа ќе носи и бодови за АТП-листата.
Еве го изгледот на сите шест групи
ГРУПА А: Србија, Франција, Јужна Африка, Чиле
ГРУПА Б: Шпанија, Јапонија, Грузија, Уругвај
ГРУПА Ц: Белгија, Велика Британија, Бугарија, Молдавија
ГРУПА Д: Русија, Италија, САД, Норвешка
ГРУПА Е: Австрија, Хрватска, Аргентина, Полска
ГРУПА Ф: Германија, Грција, Канада, Австралија