Кошаркарот на Оклахома, Чет Холгрен, по победата против Њу Орлеанс Пеликанс во вториот меч од плеј-офот во НБА лигата, изрази мислење дека наградата МВП во регуларниот дел од сезоната треба да ја добие неговиот соиграч, Шеј Гил-Александер.
„Тој е премногу скромен за да го каже тоа но, тој е МВП во моментов. Јас ќе го кажам тоа за него, Тоа е сè што можам“ – рече Холгрен.
Александер на вториот меч со Њу Орлeанс постигна 33 поени, имаше три скока и пет асистенции.