Данило Брестовац кој го има главниот збор во нашите машки ракометни селекции, сениори, млади, кадети, денеска го одреди списокот на кадетската селекција која треба да се појави на претстојниот меѓународен турнир во Бугарија.
Таму во периодот од 11 до 13 октомври на – „Balkan Men’s Youth Championship“ кој ќе се одржи во салата “Неврокоп Арена”, покрај домаќинот и Македонија, ќе настапат и селекциите на Турција, Косово и Црна Гора.
На списокот на Брестовац за играчи родени 2002/2003 година се најдоа 19 ракометари кој на 7 октомври треба да се јават на првиот собир закажан за 08.00 часот во СС Мајка Тереза во Скопје.