Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси загубија од Денвер во третиот меч од серијата со 112:105 и сега имаат голема негатива од 3-0.
Статистиката вели дека „езерџиите“ немаат победа против Денвер од 16 декември во 2022 година. Ако се гледаат и мечевите од плеј-офот, серијата на порази е 11.
Во историјата на плеј-офот на НБА лигата, ниту еден состав не успеал да анулира негатива од 3-0.