Екипата на Еурофарм Пелистер иако славеше против Нексе со 24-22, не успеа да влезе во 1 /4 финалето во СЕХА лигата бидејќи Хрватите славеа на првиот меч со три гола предност. Крилото, Мирко Радовиќ, жали за елиминацијата.
„Одигравме добар меч и навистина ми е жал за навивачите што не поминавме понатаму. Битола и нашите фанови се фантастични, заслужуваат многу мечеви и многу победи. Сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во толкав број и нè бодреа во текот на сите 60 минути“ – вели Радовиќ.
„Битола е ракометен град а публиката покажа дека ја знае и разбира оваа игра. Се боревме за навивачите, за клубот, за самите нас, но немавме среќа“ – потенцира Радовиќ