Фудбалерот на Челзи, Марко Алонзо, не гледа причина зошто неговиот соиграч Калум Хадсон да го напушти тимот и да замине во Баерн Минхен иако германците се обидуваат со сите сили да го купат младиот играч.
„Калум е добар фудбалер, но, уште е премногу млад. Тој треба да биде трпелив и во исто време да се бори за место во тимот“ вели Алонзо.
„Тој ги има сите услови да стане одличен играч. Зошто да оди во Баерн? Ние сме Челзи – голем тим а Премиер лигата е најинтересното првенство во светот. Не разбирам зошто некој би отишол во Минхен“ – потенцираше Алонзо.