Сите шест фудбалски екипи од Англија се повлекоа од новиот проект наречен – Супер-лига.
Манчестер Сити прв истапи од најавеното натпреварување а потоа му се придружија и другите премиер-лигаши откако нивните навивачи направија огромен притисок и јасно ставија до знаење дека не го поддржуваат новиот проект.
Во целата ситуација е вклучена и Британската Влада која исто така направи притисок врз клубовите да се откажат од така наречената Супер лига.