Атлетико Мадрид и Валенсија се заинтересирани за привлекување на големата ѕвезда на Монако Радамел Фалкао, кој во идното лето ќе го напушти сегашниот тим и ќе ја смени средината, тврди француското издание на „Л‘Екип”.
„Ел Тигре” беше дел од Атлетико Мадрид пред неколку години и тогаш беше најголемата ѕвезда на тимот, а во сезоната 2018/2019 во Лига 1 покажа со настапите на теренот дека воопшто не заборавил како се постигнуваат голови, иако веќе има 33 години. И двата тима се заинтересирани за напаѓачот и се смета дека ќе има наддавање меѓу нив за неговото привлекување.
За време на оваа сезона во Франција, Радамел Фалкао успеа да постигне 15 гола во 29 натпревари во Лига 1.