Францускиот фудбалски интернационалец во Челзи, Тимуе Бакајоко, нема да замине во Милан туку ќе се активира во екипата на ПСЖ.
Според најавите, италијанскиот тим не сака повторно да го ангажира за една сезона како позајмен играч и да плати 5 милиони евра.
Иако самиот фудбалер изрази желба да го носи дресот на „росонерите“, сега ќе мора да замине во друг состав. Неговата трнасферна цена е околу 30 милиони евра.