Играчот од средниот ред на Јувентус Емре Чан е интересен за екипата на Борусија Дортмунд. Германскиот тим е уште еден на списокот на клубови кои се заинтересирани за 26-годишен Германец со турско потекло. Трансферот може да се случи веќе во овој зимски трансфер период.
Претходно беше објавено дека Милан, Евертон, Манчестер Јунајтед, Барселона и ПСЖ се заинтересирани за услугите на Чан. Во исто време, се појави информација дека последните три клуба може да го добијат играчот од средниот ред како резултат на договор за размена на играчи.
Чан стана играч на Јувентус во летото 2018 година. Германецот му се приклучи на клубот од Торино од Ливерпул како слободен играч. Оваа сезона, играчот од средниот ред учествуваше само на 8 натпревари во италијанската Серија А, но немаше забалежителен настап, единствено доби 2 жолти картони.