Брестовац заработи казна од ЕХФ

0

Тренерот на ракометарите на Металург, Данило Брестовац, нема да го води тимот на утрешниот дуел со Чеховски медведи во Лигата на шампионите откако ЕХФ му изрече суспензија од еден меч.

Стратегот на Металурзите на средбата со Силкеборг заработи црвен картон поради неспортско однесување што автоматски му донесе и казна од ЕХФ.  Нашиот  тим има право да вложи жалба во рок од седум денови, но, тоа нема големо значење.

Во отсуство на Брестовац, главниот збор на клупата на Металург на утрешниот дуел во Русија ќе го имаат неговите помошници: Оливер Димитриоски и Петар Мисовски. Ќе потсетиме дека тимот од Автокоманда  е закотвен на дното на табелата без бод.

 

Share.

Leave A Reply