Чешката судиска двојка, Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни повторно ќе и суди на нашата ракометна репрезентација. Денеска оваа чешка судиска двојка е делегирана да ја суди и средбата со Хрватска, а на ова СП веќе ни судеа во првото коло кога ја победивме селекцијата на Јапонија.
Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска, пак, одново ќе биде на терен во „Ројал Арена“ во Копенхаген. Тие се делегирани како судии на натпреварот меѓу Катар и Унгарија.