Челзи, Ливерпул и Тотенхем кои настапуваат во Премиер лигата на Англија, планирале во јануари да испратат понуда до фудбалерот на Борусија (Дортмунд), Кристијан Пулишич, објавија дел од медиумите на Островот.
Договорот на фудбалерот со „жолто-црните“ истекува во летото во 2020 година, но, постојат реални шанси тој да си замине многу порано доколку бундестимот добие примамлива понуда за да го продаде. Во исто време, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, изјави дека 20-годишниот репрезентативец на САД нема да добие зелено светло да си замине пред да заврши тековнава сезона.
„Тие шпекулации ни се многу добро познати години наназад. Планираме да го задржиме кај нас барем до крајот на сезоната. Има потреба од неговите услуги” – изјави Цорк.