„Црвено-црните“ останаа со празни раце во Украина

0

Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во новата сезона во СЕХА конкуренцијата. Бранителот на тронот загуби во второто коло на теренот на дебитантот Мотор Запорожје со 32 спрема 31 иако Чупиќ во самиот финиш имаше можност да донесе барем бод доколку реализираше удар од седум метри.

Во нашиот состав Тимур Дибиров беше најефикасен со шест голови додека  Кристопанс и Атман реализираа по пет.

Вардарци по стартниот триумф против Пекинг и денешниот пораз во Украина, сега се насочуваат кон Лигата на шампионите и првиот меч на гостински терен кај Монпелје закажан на 14 септември.

 

Share.

Leave A Reply