Новиот тренер на Рома, Паоло Фонсека, ќе се обиде како прво свое засилување во тимот да го донесе Бразилецот од Манчестер Јунајтед, Фред.
Тој е негов поранешен играч од Шахтјор, кој минатава сезона не се наигра во Премиерлигата.
Тие работеа заедно во Шахтјор Донецк меѓу 2016 и 2018 година, а потоа Бразилецот беше продаден на Манчестер Јунајтед за сума од 59 милиони евра. Минатата сезона, Фред одигра 25 натпревари за Јунајтед со 1 гол и 1 асистенција.
Вредноста на 26-годишниот Бразилец е 35 милиони евра, но тој има активе договор со Манчестер Јунајтед до 2023 година.