Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола стана најуспешниот тренер во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите по синоќешниот успех од 2:1 против Реал Мадрид.
Така, тој има 28 победи во оваа фаза на ова натпреварување и сега е пред своите колеги Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Сер Алекс Фергусон. Гвардиола е исто така само втор тренер по Отмар Хитсфелд кој го победи Реал Мадрид двапати како гостин во Лигата на шампионите, но е првиот што го направи тоа со две различни екипи.
Манчестер Сити е вториот тим во ЛШ кој го совладал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, откако први примиле гол на натпреварот. Претходниот случај беше во октомври 2009 година, кога Милан беше победник.