Тренерот на Баерн Јуп Хајнкес категорично ја отфрли можноста Реал Мадрид да го привлече голгетерот на баварците Роберт Левандовски во текот на летото.
„Карл-Хајнц Румениге изјави минатата недела дека Роберт Левандовски ќе игра и следната сезона во Баерн Минхен. Добро ги познавам Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге, а тоа значи: Никаква шанса нема Реал Мадрид да го купи Роберт Левандовски”, изјави Хајнкес.
Како што е познато, во последниве месеци Полскиот интернационалец е поврзан со Реал Мадрид. Се тврди дека тој дури е опседнат од идејата да го облече дресот на Реал, но договорот до 2021 година со баварскиот гигант го спречува во реализацијата на тој план.