Марокo загуби од Иран со 1:0 во првиот еч од групата „Б“ на СП во Русија. Одлучувачки момент на мечот беше 94. минута, кога по нафрлена топка од левата страна, мароканскиот репрезентативец Азиз Бухадуз со глава го погоди голот на својот тим.
Во првото полувреме, Мароканците имаа доминација во првите 30 минути, но не успеаја да погодат од неколку одлични прилики. Потоа Иран ја стабилизираше играта и возврати со неколку шанси за гол.
Во вториот дел гледавме една битка на теренот во која настрадаа дури тројца фудбалери (еден кај мароко и двајца кај Иран) кои принудно мораа да го напуштат мечот. Во вториот дуел од групата вечерва играат Португалија и Шпанија.