Италијанскиот шампион Јувентус наскоро ќе му понуди нов договор на Миралем Пјаниќ. Не постои недостиг на интерес за босанскиот репрезентативец, а неодамна имаше разни гласини што го испраќаа Пјаниќ во некои од европските гиганти.
ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона се само дел од клубовите заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус. Италијанскиот шампион веќе го отфрли предлогот на Манчестер Сити за нивниот фудбалер. Раководството на „старата дама” е подготвено да го направи Пјаниќ еден од најскапите играчи во Јувентус.
Во моментов, фудбалерот на „бинконерите“ добива 4,5 милиони евра за сезона. Овој износ ќе се зголеми на 6 милиони ако Пјаниќ го потпише својот нов договор, кој Јувентус е подготвен да му го понуди.