Поранешниот фудбалер на Челзи, Франк Лампард, може да се врати на „Стемфорд Бриџ“ во улога на тренер, најавија денеска медиумите во Англија.
Тој во претходната сезона не успеа да го внесе Дерби Каунти во Премиер лигата откако загуби во баражот од Астон Вила, но, сега може да биде дел од најсилната конкуренција во Англија доколку го наследи Маурицио Сари на клупата на лондончани.
Според медиумите, Лампард имал преговори со челниците на Челзи и работите се одвивале во посакуваната насока. Се споменува дека дел од стручниот штаб на Челзи може да биде и легендарниот напаѓач, Дидие Дрогба,