Вториот капитен на Реал Мадрид, Марсело испадна од составот на својата екипа за денешното гостување кај Бетис во Севиља на натпревар од 3.коло од Ла Лига.
Искусниот Бразилец се пожали на болки во грбот и остана во Мадрид. Тренерот Зинедин Зидан одби да повика нов играч наместо тоа, бидејќи неговата листа е веќе пополнета со 21 играч.
Ова ќе биде втор натпревар за Реал, кој не играше во првото коло. Пред една недела, Марсело не беше на теренот при нерешените 0:0 против Реал Сосиедад, кога Ферлан Менди беше стартер.
Натпреварот Бетис – Реал Мадрид се игра вечерва од 21 часот, а освен Марсело, оваа средба ќе ја пропуштат Асенсио, Азар, Дијаз и Милитао.