Челниците на фудбалскиот состав Аталанта размислуваат за големиот предизвик во наредната сезона а тоа Лигата на шампионите. Составот од Бергамо успеа да го освои четвртото место во Серија „А“ и да си обезбеди виза за елитната конкуренција на Стариот континент.
Италијанскиот тим кој сака да ги задржи главните ѕвезди, Папу Гомез и Јосип Иличиќ, планира да донесе и атрактивно засилување. Според медиумите од „Чизмата“, колумбискиот напаѓач, Луис Муриел, кој минатата пролет настапуваше како позајмен во тимот на Фиорентина, сега ќе го засили нападот на Аталанта.
Калчо-лигашот за неговите услуги ќе мора да и плати 20 милиони евра на шпанската Севилја кој ги има првата на неговиот договор, но, речиси континуирано го испраќаше на позајмица. Стадионот на Аталанта – „Атлети Азури Д Италија“, е во завршна фаза на реновирање, што значи дека италијанците ќе можат на домашен терен да ги играат натпреварите од Лигата на шампионите.