Италијанскиот тим Наполи покажа интерес за играчот од средниот ред на Арсенал, Лукас Тореира, пренесуваат медиумите во Италија.
Италијанците се подготвени да го земат со позајмица или да го купат за 25 милиони евра ако се согласат лондончаните за оваа понуда.Наполи нема да му понуди специфична понуда на играчот сè додека не го разбере неговиот статус на „Емирати“.
Ова се очекува да стане јасно посебно по назначување на нов менаџер на Арсенал. 23-годишниот Тореира има 2 гола на 20 одиграни натпревари оваа сезона. Тој е добро запознаен со Серија А, бидејќи претходно играше за екипата на Сампдорија.