Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер и фудбалерот од нападот, Хамес Родригез, ќе го пропуштат последниот натпревар во тековнава сезона во Бундес-лигата против Ајнтархат Франкфурт. Отсуството на двајцата искусни играчи го потврди и тренерот на Баварците, Нико Ковач. На неговиот тим му е потребен минимум бод за да ја одбрани титулата во најсилниот шампионат на Германија.
„Мануел Нојер добро го поминува процесот на рехабилитација, но, нема да игра во текот на викендот. Тој може е на пат целосно да се опорави, но нема да игра . Хамес Родригез исто така не може да ни помогне” – рече Ковач.
Според зборовите на тренерот на Баварците, за дуелот со Ајнтрахт Франкфурт во тимот ќе се вратат: Џошуа Кимих, Тиаго и Чави Мартинез.