Пандев: „Среќен сум во Џенова, одиме заедно уште една сезона“.

0

Горан Пандев и неговата екипа Џенова ја остварија целта, опстанок во Серија А, па од денес може да ја планирата иднината.

Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев планира и понатаму да остане во редовите на Џенова, а со тоа да биде во добра форма за настап за нашата репрезентација во обид да дојде до ЕП 2021 година. Пандев ја заврши сезоната како најдобар стрелец на Џенова, а вчера имаше уште една асистенција плус. На својот профил на  Инстаграм побјави дека ќе игра уште една сезона на „Луиџи Ферарис“.

„Беше долга и тешка сезона, во која фудбалот не беше во преден план. Обезбедивме опстанок и среќен сум што играм за клуб како Џенова. Моето срце е „црвено-сино“ веќе подолго време. Оваа сезона заврши, следната е веќе пред нас. Би сакал повторно да ги доживеам прегратките со навивачите, навивањето на луѓето, атмосферата на „Мараси“. И следната сезоне сме заедно“, објави Горан Пандев.

 

 

 

 

 

Share.

Leave A Reply