Македонскиот каратист Емил Павлов го освои златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салцбург во категоријата до 60 килограми. Откако успеа да ги мине сите пречки до финалето, денеска Павлов во финалната борба го совлада Анџело Кресченцо од Италија со 5-4.
Ова е прв медал на нашиот најдобар каратист во Премиер лигата оваа година. Тој претходно настапи и во Дубаи, но го пропушти турнирот во Париз поради повреда.
Павлов лани златен медал во Премиер лигата освои на турнирот во Москва.