Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, по вчерашната победа против Евертон, стана петтиот менаџер во Премиер-лигата кој успеал да се израдува на 200-та победи.
„Специјалниот“ дојде до тој ефект со импресивни 326 средби со што го запоседна второто место веднаш зад легендарниот Сер Алекс Фергусон кој по 322 меча имаше 200-та победи. Другите тројца менаџери во тоа рангирање се: Арсен Венгер ( 332), Дејвид Мојс ( 511) и Хари Реднап ( 536).
Што се однесува до вкупниот број на победи во Премиер лигата, број 1 е Фергусон со 528 пред Венгер (476), Реднап (236 успеси) и Мојс (207 успеси). Во топ 5 влегува и Мурињо.