Денес беше промовирана книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов.
Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, содржи помалку познати приказни за успесите на македонските спортисти низ историјата и за средбите со светските спортски асови. Од прва рака, легендарниот спортски коментатор сведочи за важни спортски, но и историски моменти. Се сеќава на најзначајните личности, натпревари, олимпијади и првенства ширум светот, што ги следи како новинар-коментатор во својата 55-годишна кариера.
На промоцијата, покрај Зоран Михајлов, зборуваа уредничката на книгата Бисера Бендевска, писателот Владимир Плавевски и уредникот на спортската редакција на весникот „Нова Македонија“, Горан Манчевски.
Низ еден посебен филм беше прикажано се она што Зоран Михајлов го работеше како спортски коментатор во кариерата. На нас како Спортско радио 90,3 ФМ ние епосебно драго што имавме убава соработка со Зоран Михајов кој низ „Спортскиот времеплов“ во програмата на Спортското радио 90,3 ги пренесуваше сите свои искуства поминати во неговиот работен век.