Дуелот кој не очекува вечерва од ¼ финалето во Лигата на шампионите, а се игра во Минхен е пресметката меѓу Баерн (Минхен) и Севиља.
На првиот дуел, Баварците постигнаа добар резултат победувајќи на „Рамон Санчез Писхуан“ со 2:1. Севиља сега се соочува со тешка задача да бара задолжителна победа и мора да постигне најмалку два гола на „Алијанц арената“ и да се надева на резултат кој ќе ја води понатаму.
Играчите на Винченцо Монтела ќе мора да играат супер натпревар ако сакаат да го елиминираат Баерн. Домашната екипа официјално ја освои титулата во Бундеслигата и може целосно да го фокусира своето внимание во Лигата на шампионите, каде што нивните амбиции не се мали.
Средбата која се одигра пред една недела беше всушност првиот дуел помеѓу двата тима во ова натпреварување. Сепак, Баерн е прилично бескомпромисен кога игра против шпанските ривали на свој терен во Европа. Германскиот гигант може да се пофали со 18 победи, 5 нерешени и само 3 порази против тимовите од Ла Лига. Освен тоа Баварците сеуште се непоразени на “Алијанц Арена” од почетокот на сезоната во сите натпреварувања, а во Лигата на Шампионите имаат само победи до овој момент. Всушност, тимот е во рекордна серија од 12 последователни успеси во ЛШ под водство на Јуп Хајнкес.
Домаќините имаат две неизвесности за натпреварот вечерва. Давид Алаба и Артуро Видал се повредени и многу веројатно дека ќе останат надвор од нивниот тим за вечерашниот натпревар.
Гости пристигнуваат без повредените Симон Кјаер и Хоакин Кореа. Лионел Карол, Себастијан Коршиа и Хозе Мена исто така се жалат на мали повреди. Добрата вест е враќањето на Евер Банега во тимот , откако го пропушти првиот дуел поради казна.
Лига на Шампиони, 1/4 финале, реванш:
Баерн (Минхен) – Севиља (во првиот натпревар 2:1)
Веројатно состави:
Баерн:
Улрајх, Кимих, Хумелс, Боатенг, Бернат, Мартинез, Тиаго, Хамес, Рибери, Милер, Левандовски
Севиља:
Сорија, Навас, Меркадо, Ленгле, Ескудеро, Нзонзи, Банега, Васкез, Сарабија, Сандро, Муриел
Стадион: Алијанц Арена, Минхен
Судија: Вилијам Калам (Шкотска)