Италијанскиот тим Торино официјално го отпушти тренерот Марко Џампаоло по лошиот настап на тимот од почетокот на сезоната.
Торино во моментов е на претпоследното 19-то место на табелата во Серија А, со само 2 победи. Причината која ја прели чашата на трпеливост на управата на Торино е нерешениот резултат 0:0 против Специја.Торино играше со човек повеќе во поголемиот дел од натпреварот, но не успеа да ја надмудри одбраната на Специја.
„Торино го најавува ослободувањето на тренерот Марко Џампаоло и му се заблагодарува на него и на неговиот персонал за професионалноста и посветеноста за време на нивната работа“, се вели во соопштението на клубот.
Давиде Никола, кој играше за Торино, се очекува да биде назначен за тренер денес и ќе има за задача да му помогне на тимот, инаку тој има репутација на тренер кој спасува екипи во очајна ситуација.