Тренерите за формата на Вардар: Страшен тим!

0

Денеска е ден за одмор пред утрешната завршница на Ф4 турнирот од СЕХА лигата. По вчерашните полуфинални дуели, тренерите на ППД Загребв, Златан Саралевиќ и на Целје, Бранко Тамше, ја оценија играта и квалитетот на нашиот шампион Вардар.

„Она што го видов е страшно“, вака го опиша настапот на Вардар во полуфиналето против мешков Брест, тренерот на словенечкиот тим.

Своето воодушевување не го криеше ниту Сарачевиќ, кој утре против „вардарци“ ќе игра во финалето.

„Моќна екипа. Раул е фантастичен тренер“, вели хрватскиот стратег.

Финалето во СЕХА лигата е на програмата утревечер од 20.15  часот.

Share.

Leave A Reply