Еден куп проблеми се натрупаa врз главата на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, во пресрет на последниот натпревар на тимот оваа сезона, финалето на Купот.
Каталонците за мечот со Валенсија сигурно ќе бидат без четиворица од нивните главни играчи во средниот ред и нападот. Надвор од комбинација за мечот се Луис Суарез, Филип Кутињо, Усман Дембеле и Артур. Тие се повредени и тешко дека ќе можат да се опорават за дуелот овој викенд.
Покрај нив, Нелсон Семедо доби повреда на главата за време на натпреварот со Еибар и е исто така под прашалник за настап на овој меч. Ништо подобар не е ни голманот Марк-Андре Тер Штеген, кој има мала повреда на коленото и мора да паузира.