Вардар на убедлив начин го покажа својот квалитет во Загреб во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ успеаа да му нанесат тежок пораз на домашниот ППД Загреб со 27:18 и на тој начин да си направат голема предност пред реваншот во Скопје.
Ракометарите на Вардар добро го започнаа натпреварот и во првите десет минути имаа предност со 3:1 и 4:1, но потоа домашната екипа успеа да го намали резултатот и да фати приклучок во 15 минута кога резултатот беше .3 за Вардар. По 20 минути игра во првото полчувреме Вардар имаше предност од +4 гола (7:3 и 8:4), за во 23 минута, Вардар да води и со 9:5. Највисоката предност на Вардар во првиот дел беше во 27.минута кога водеше со 12:5 и смирено го финишираше првиот дел кој го заврши со максимални ++, односно 14:6.
На стартот на вториот дел Вардар ја одржуваше предноста со тоа што се играше гол за гол и во 37 минута Вардар имаше предност од 17:9. На половина од вториот дел Вардар ја одржуваше предноста и имаше водство од 21:13 благодарение на голот кој го постигна Дибиров, додека на 12 минути пред крајот „црвено-црните“ имаа предност од +9 (23:14). Вардар имаше и двоцифрена предност од 25:15 во 50.минута додека потоа следуваше и најголемата предност од +11 односно 27:16, за до крајот рутинирано нашите ракометари да дојдат до победа од 27:18.
Кај Вардар најпрецизни беа Кристопанс и Карачиќ со по пет гола, еден помалку од нив постигна Мораеш, додека по три Чупиќ и Дисингер. Голманот Милосављев беше избран за играч на мечот бидејќи зад своето име запиша 15 одбрани. Во редовите на ППД Загреб најефикасен беше Мандиќ со пет гола.