Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево (17 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ го играат реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите против екипата на Мидтјиланд од Данска. На првиот дуел „црвено-црните“ постигнаа победа од 24:23, и дојдоа во позиција на домашен терен само да го потврдат своето место во финалната рунда.
„Вардарки“ во овој состав ќе го играат и последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите, затоа посакуваат со победа да се разделат од навивачите и со петто учество на Ф4 турнирот во Будимпешта. За тимот на Ирина Дибирова оваа сезона има посебен мотив, па нападот на европската круна останува во прв план.