Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалез по натпреварот изјави дека една од причините за поразот од Исланд е поголемата свезина која ја имале противничките ракометари и дека како и на другите натпревари Макеоднија играла многу подобро во првотополувреме.
„Исланд беше подобар, играше добро во двата правци и заслужи да победи. Во првиот дел игравме одлично, но подоцна се уморивме, нивната одбрана беше цврста и тоа беше решавачко за победникот на мечот. Загубивме во вториот дел каде бевме уморни, како и на скоро секој натпревар на ова СП. Мора да ја прифатиме реалноста, Исланд има одлични млади ракометари и тие денес тоа го покажаа. Што се однесува за следните натпревари,не знам дали младите ќе добијат шанса во Келн, ние сакаме и на тие средби да победиме“, заврши селекторот на Македонија.
На Македонија сега и останува да игра за пласман од 13 до 16 место во Келн, каде најнапред треба да играме против Русија која беше четвртопласирана во групата А.