Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, вели дека елиминацијата од Нексе во СЕХА лигата не треба да донесе големо разочарување бидејќи имало и позитивни работи на теренот.
„Им благодарам на играчите, натпреварот беше драматичен и интензивен. Овој град и овие навивачи се навистина одлични и јас сум среќен што сум тука. Навистина сум горд што денес ги водев овие момци а од срце им се заблагодарувам на навивачите кои ни приредија одлична атмосфера“ – вели Бабиќ.
„Пред нас има уште многу работа, и се надеваме на подобри резултати во иднина Честитки на екипата на Нексе, пласманот им е заслужен“ рече тренерот на Еурофарм Пелистер.