Врадарци денеска ги дознаа притивниците за наредната сезоа во ЛШ. Тоа се ПСЖ, Порто, Киелце, Пик сегед, Мешков Брест, Фленсбург и Елверум. Тренерот на нашиот тим Стевче Алушовски, во изјавата за сајтот на „црвено-црните“ вели дека не се плаши од никого.
„ Добивме исклучитечно тешка група во која нема лесен противал. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го остварим етоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме“ – потенцираше Алушовски за официјалниот сајт на Вардар.
„Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме“ – нагласува Алушевски.