Денеска во РФМ беше одреден распоредот за продолжението на сезоната во Плеј-оф и Плеј -аут конкуренциите.
Решавачките мечеви за титулата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат одиграни во 5. и 12. коло. Шампионатот по зимската пауза и настапот на Македонија на СП ќе продолжи на 11/12 февруари а ќе заврши 27/28 мај.
Прво коло плеј-оф
Вардар – Т. Пролет
Е. Пелистер 2 – ГРК Охрид
Бутел Скопје – Е. Пелистер
ГРК Тиквеш – Алкалоид
Прво коло плеј-аут
Вардар (Н) – Голден Арт
Прилеп – Радовиш
Јуниор К. В. – Куманово
Скопје 2020 – Струга