Ракометарот на Вардар, Гоце Георгиевски, дополнително е повикан од страна на селекторот Данило Брестовац, за претстојните квалификациски мечеви со Финска и Швајцарија. Крилото на „црвено-црните“ првично не доби покана да настапи, но, откако отпадна од комбинација Мартин Поповски, сега ќе има шанса да биде дел од нашата репрезентација. Во меѓувреме Ракометна Федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID – 19. По тестирањето е објавено дека се позитивни:
Александар Царчев – тренер на голмани
Никола Матлиески – помошник тренер
Радослав Стојановиќ – помошник тренер
Марио Танкоски – ракометар
Мартин Велковски – ракометар
Мартин Поповски – ракометар
Ве известуваме дека контактите се изолирани и ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни. Согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација “EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена Прес-конфрренција/ брифинг со медиуми.

