Македонската ракометна репрезентација ќе биде ослабена за утрешниот дуел со Швајцарија во рамките на квалификациите за Европското првенство.
Дејан Манасков остана во нашата престолнина бидејќи не може да направи тест за Ковид-19 во Шафхаузен со кој потоа би можел да се врати во неговиот клуб Веспрем.
Унгарските протоколи налагаат Манасков за враќање во земјата да приложи негативен тест или ќе мора да оди во изолација во рок од 14 денови.
