Нашите најдобри ракометарки со максимални три победи го продолжуваат патот кон Светското првенство во Шпанија откако денеска славеа против Грција со 20:19 иако по првиот дел противникот имаше предност од 13:10.
Најефикасна во нашиот табот беше Сара Ристовска со 10 голови додека кај гостите Марија Хаѕипарасиду постигна 6 голови.
Ждрепката за баражот е утре. Ние ќе чекаме екипа од групата во која се : Германија, Полска, Русија, Словенија, Србија, Унгарија, Црна Гора, Чешка или Шведска.

