Од петок до недела во Задар ќе биде реализиран завршниот Ф4 турнир во регионалната ракометна – СЕХА лига.
Според распоредот, Вардар и Мешков Брест ќе играат од 18.00 часот додека второто полу-финале меѓу Веспрем и Мотор Запорожје ќе биде од 20.30 часот.
Информациите велат дека противникот на „црвено-црните“ ќе допатува ослабен во Хрватска без одличниот голман, Иван Пешиќ и бековите Павел Пачковски и Егор Будејко. Во составот ќе го нема ниту пикерот Артјом Селвасјук кој ќе остане во Белорусија.