Денеска Ракометната федерација на Македонија ја одржа ждрепката за првото елиминациско коло од Купот на Македонија во машка конкуренција. Вкупно 29 екипи ќе се натпреваруваат во ова издание на најмасовното македонско натпреварување.
Првото коло ќе го скокнат ланскиотосвојувач Алкалоид, како и шампионот Еурофарм Пелистер и вицешампионот Вардар 1961.
Двојките за првото коло:
Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
Мулти Есенс – Преспа Вардар
Текстилец – Прилеп
Бутел Скопје – Металург РА
Радовиш – Скопје
Кичево – Пролет
Овче Поле – Фруитленд Борец
Охрид – Шампион
Тиквеш – Јехона
МРК Куманово – Астраион Хендбол
Младост – Струга
Вардар Неготино – Партизан 2016 Спорт
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
Елиминациските натпревари на стартот на Купот на Македонија се на програмата следниот викенд (5 и 6 април).

